More

    Ковачевски и Спасовски направија хаос, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Од 2 милиона и 500 илјади граѓани со македонско државјанство до сега патна исправа извадиле 1 милион и 200 илјади граѓани. Остануваат некаде околу 1 милион и 300 илјади. Тие 1 милион и 300 илјади не можат да бидат издадени до февруари – оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    „Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе претставка до Уставниот суд за ставање во сила на делот од Законот за патни исправи со кој се обврзуваат граѓаните да ги сменат своите патни исправи до февруари.

    Власта создаде хаос со неспособноста да организира издавање на патни исправи. Поради неспособните Ковачевски и Спасовски илјадници граѓани два месеци наназад чекаат на минусни температури и по неколку часа на ден, за да дојдат на ред да се сликаат за нова патна исправа.

    Дополнително, власта ја оставила државата и без обрасци за патни исправи. Интенцијата на власта е да се создаде дополнителен хаос и компликации“ – се вели во соопштението.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img