Ковачевски го предизвикува Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ние во нашата држава имаме изградено мултиетничко општество, имаме изградено едно општество за сите, соживот којшто овозможува на секој поединец без разлика на неговата етничка, национална, верска или било каква припадност да планира и да го развива својот личен и професионален капацитет и својата кариера. Сметам дека тоа е голема придобивка. Но, од друга страна постојат политички партии кои што се присутни и кај нас кои темите на етничката припадност сакаат да ги издигнат на своја политичка агенда и со тоа да внесуваат етнички тензии меѓу граѓаните кои се пропратени со ксенофобија и етнонационализам кои се дефинирани во модерната наука така како што го кажав и на празникот и вчера.
Ова го нагласи претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски  во одговор на новинарско прашање по настан организиран по повод големиот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, во Селце, Прилеп.
Ковачевски исто така истакна дека истите политички партии, коишто денес зборуваат против одредени политички партии кои што се етнички предзнак, истите тие 11 години беа во власт споменатите партии.
„Истите тие партии кои што сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ за која што денес зборуваат“, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски, јавно постави отворено прашање до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и членовите на неговото високо раководство, да споделат со јавноста колку пати во последните 6 месеци барале и оствариле со лидерот и високи функционери на ДУИ и за што разговарале на тие состаноци, доколку ги имале.
Share This Article