ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиуми обвини премиерот Димитар Ковачевски застанал зад ДИУ и нејзините членови кога во изјавата за случувањата во М-Нав покрај другото рече дека друштвото станало семејно стебло на првиот човек на синдикатот Александар Тасевски.
Партијата тврди дека премиерот со нему својствена тактика се обидува да ја брани ДУИ и нејзините членови кои го предизвикаа инцидентот.
-По „Пајакот” и „Кабелот”, сега виновен е „Синдикалецот”, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика. Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот.Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека со ваквото заемање на став премиерот застанал зад ДУИ во обид да остане на власт.
-Очигледно требаше сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто, се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, зошто тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!- велат од ВМРО-ДПМНЕ.