More

    Ковачевски да ги достави нацрт-документите за договорот меѓу Македонија и Бугарија

    spot_img

    Денеска испративме барање до премиерот Димитар Ковачевски во текот на месец април да се појави пред Комисијата за надворешна политика и да ги достави нацрт-документите за коишто Владата на Македонија ги договара со официјална Софија, па да можеме во еден заеднички и инклузивен процес да ги разгледаме овие важни прашања за македонско-бугарските односи, рече на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

    – Ова го баравме од премиерот Ковачевски бидејќи самите по кодексот на Владата напоменуваа во членот 1 дека носителите на извршни функции редовно ќе даваат отчет пред Собранието, но исто така и го бараме врз основа на членот 68 од Уставот каде што Собранието има уставна надлежност да врши политичка контрола над извршната власт. На крајот на краиштата, македонско-бугарските односи и најважните документи во овие билатерални релации, како што е договорот за добрососедство, веќе имаме установена пракса од 2017 година кога тогашниот премиер со високи претставници од МНР побара да имаме седница на Комисијата за надворешна политика и истата да биде затворена и на барање на пратениците, таа се случи каде што се разгледа нацрт-договорот за добрососедство потпишан во 2017 година помеѓу Македонија и Бугарија.
    Очекуваме позитивен одговор од премиерот Ковачевски, доколку вистински се залага за принципите за инклузивност, на отчетност и на заедничко работење на сите институции, вклучително и на пратениците како народни избраници, за доброто на државата да поразговараме на една седница за најновите нацрт-документи кои што Македонија веќе ги преговара со официјална Софија – рече Милошоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img