Ковачевски: Ако нема мир во регионот, ќе нема ниту иницијативи како Отворен Балкан, ниту Берлински процес, а некои иницијативи ќе треба да се преиспитаат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако нема мир во регионот, ќе нема ниту иницијативи како Отворен Балкан, ниту Берлински процес, а некои иницијативи ќе треба да се преиспитаат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски од Гранада, Шпанија, по вчерашната изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи, дека ќе се преиспита учеството на Македонија во иницијативата „Отворен Балкан“ доколку се докаже дека Србија на било каков начин е вклучена во нападот во Северно Косово.

– Ставот на владата останува непроменет, а Македонија останува во сите регионални иницијативи се додека од нив имаат придобивки сите граѓани. Сепак, за да има да има успешни иницијативи, мора да има мир и почитување меѓу сите земји кои таму учествуваат. Да за интеграција и соработка но не и за конфликти – рече премиерот.

Министерот за надворешни работи во изјава за телевизија Канал 5 денеска рече дека изјавата е негов личен став, а не владин.

Share This Article