More

    Коцарев ги повикува партиите да го спречат поморот на македонскиот род

    spot_img

    Претседателот на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), Љупчо Коцарев, во интервју за порталот Експрес говори за најактуелните општествено-политички и историски прашања, кои ја засегаат Република Македонија во овој момент.

    Тој ги повикува македонските политички партии да дејствуваат против исчезнувањето, партизацијата и демакедонизацијата на Македонија, бидејќи, како што вели, можат да ги спречат поморот на македонскиот род, бришењето на македонското име, дерогирањето на македонскиот јазик, дезавуирањето на сè што е македонско.

    Коцарев повторно ги повикува сите пратеници во Собранието едногласно да се изјаснат против уставните измени и против внесување на Бугарите во Уставот на Македонија.

    Според него, препораките на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања треба да се маргинализираат со образложение дека, иако Македонија е за ЕУ и посветено работи на почнување на пристапните преговори, досегашните препораки, сепак, немаат научен, туку содржат уценувачки предзнак.

    – Прашањето „за или против ЕУ“ е бесмислено, но секогаш кога претседателот на МАНУ или некои членови на Академијата аргументирано ќе ги оспорат договорите со Грција и со Бугарија, веднаш Академијата ја добива етикетата „антиевропска“. Повеќепати сум пишувал и говорел, а верувам и дека сите членови на МАНУ ќе се согласат со мене, дека МАНУ не е против ЕУ, туку, напротив, МАНУ е за ЕУ, но за Унија во која Македонците ќе бидат рамноправен и достоинствен народ со сите други народи во ЕУ. Тоа што не го разбираат или не сакаат да го разбираат претставниците на политичката и владејачката елита и нејзините апологети е тоа дека, дури и да почнат преговорите (по уставните измени), дури и да се согласиме со сите уценувања и понижувања од соседните држави (притоа не заборавајте дека допрва ќе пристигнат нови и пострашни ЕУ-уцени и понижувања за сите земји од соседството што не се членки на ЕУ, не само за Македонија), ирационално, неразумно, нелогично, па дури и бесмислено е да се очекува дека Македонија брзо, во наредните триесет години, ќе стане полноправна членка на ЕУ. Постојат две причини за тоа: прво, сѐ додека земјите членки на Унијата имаат право на вето за прием на нови членки – проширувањето ќе биде блокирано и, второ, ЕУ, или некои нејзини членки се против вклучувањето на нови полноправни членки со право на вето. Според сегашното устројство на Унијата, за воведување алтернативи за полноправно членство на Македонија во ЕУ и/или за отстранувањето на правото на вето на земјитечленки на ЕУ треба консензус од сите членки: тоа ниту денес ниту во далечна иднина нема да се оствари, па, така, преговорите ќе траат бесконечно долго, дури и да предадеме и да продадеме сѐ! – објаснува Коцарев.

    Тој предлага три чекори што би требале да ги направиме во иднина:

    – Повторно ќе го кажам мојот личен став за начинот на спречување на овие процеси. Прв чекор: сите македонски пратеници, денес, но и во иднина, што значи засекогаш, едногласно да се изјаснуваат против уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Втор чекор: препораките на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања треба да се маргинализираат со образложение дека, иако Македонија е за ЕУ и посветено работи на почнување на пристапните преговори, досегашните препораки, сепак, немаат научен, туку содржат уценувачки предзнак. Трет чекор: кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, тогаш да почне работата на Комисијата – без притисоци и без уцени, со објективно оценување на историските прашања и образовните предизвици – вели Коцарев.

    Првиот човек на МАНУ ги повикува партиите одлучно да застанат против неукоста, кусогледоста, властољубието и да престанат, еднаш засекогаш, да работат против државните интереси.

    – Ги повикувам партиите да дејствуваат против исчезнувањето, партизацијата и демакедонизацијата на Македонија. Македонските партии може да ги спречат поморот на македонскиот род, бришењето на македонското име, дерогирањето на македонскиот јазик, дезавуирањето на сè што е македонско – порача Коцарев.

    Целото интервју прочитајте го на Експрес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img