Во саботата се одржа доделувањето на Британските музички награди (БРИТ) во Лондон. И оваа година, церемонијата не помина незабележано, а за тоа главно е заслужен пејачот Сем Смит.
Смит, кој изминативе месеци е познат со големиот хит „Unholy“, на доделувањето се појави во необично и досега најдраматично издание.
Станува збор за модната линија Хари во соработка со Валентино.
Смит, облекол костим од црн латекс, кој е широк во рамениците и изгледа како да има балони во нив.
Слична е ситуацијата и со неговите нозе, каде имал балони во форма на срце.
Благодарение на овој стајлинг, Смит остана предмет на шеги на социјалните мрежи.
43-тото издание на Британските музички награди се одржа на 11 февруари во O2 арената, најнаграден артист беше Хари Стајлс, но тој остави впечаток и на црвениот тепих со својот стајлинг.