Момчето Коста К. (13), кое на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар го изврши едно од најтешките злосторства во историјата на Србија, при што уби девет негови соученици и чувари, а повреди пет ученици и еден наставник по историја, веќе два месеци се наоѓа во психијатриска клиника во Белград, а како што дознава српски Курир од добро информиран извор, тој има една бизарна порака до своите родители.
Момчето убиец е сместено во клиниката, сам во соба, но под будното око на полицијата и лекарите кои го набљудуваат. И додека сите се прашуваат што го натерало момчето, седмоодделенец, да му го земе пиштолот на татко му и да изврши масакр, според изворот, тој се прашувал што ќе биде со семејните пари?!
Во еден момент, момчето рече дека би сакал да им испрати порака на родителите кога ќе може.
„Сакам да им кажам парите што ги заштедуваа за моето образование да ги стават во индексни фондови. Додека сум затворен, да не одат парите залудно“, наводно им рекол на татко му и мајка му“, изјави за Курир добро информиран извор.
За потсетување, таткото на малолетникот од 3 мај е во притвор поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи синот го однел на стрелиште и го обучувал да пука и не го обезбедил соодветно оружјето што го се чуваат дома.
– Обвинителството покрена истрага и против мајката за да се утврди дали сторила кривично дело запуштање и малтретирање на детето. Таа е на слобода – вели изворот, додавајќи дека досега не отишла да го види синот во психијатриска клиника.
– Братучедот му носи работи, но само до врата. Тој им подава ќеса или торба на персоналот и продолжува, не влегува – рекол изворот.
Момчето е многу свесно за ситуацијата во која се наоѓа.
„Знае дека не може кривично да одговара затоа што е под 14 години. Знае и дека е во болница. Изгледа не му е грижа што е таму, единствено што има чувари и полицајци во просторијата и пред собата, па тоа е малку необично – вели соговорникот.