More

    Коста К. откри како го украл пиштолот

    spot_img

    Убиецот Коста Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај минатата година уби 9 ученици и обезбедувач на Основното училиште „Владислав Рибникар“, детално објасни и како точно му го одзел оружјето на татка си со кое ги убил соучениците. Тој се пофалил и дека татко му бил горд на тоа како научил да пука, пишува српскиот портал Република.

    – Бев сам во куќата и барав оружје. По половина час го најдов во плакарот во ходникот, ми требаше столче да се качам. Во плакарот имаше кутија, а зад таа кутија имаше добро познат ранец што татко ми го носеше на стрелиштето. Во тој ранец имаше кутија со катанец со трицифрена шифра. Лесно го отклучив, беше поставен на шифрата 634, со вртење на третиот број кој беше лабав неколкупати на 637. Во кутијата најдов 2 пиштола и 6 рамки. Втората кутија со муниција не била заклучена. Сѐ вратив на своето место, како што беше – објаснува Коста Кецмановиќ.

    Тој чекал една недела за да го земе оружјето.

    – Една недела подоцна, на 1 мај, кога повторно бев сам дома, ја ставив кошулата преку камерата во станот, повторно се качив на столот, го зедов оружјето и го ставив во соба, поточно во фиока. Така го добив пиштолот – опиша Кецмановиќ и додаде дека татко му се гордеел со него и со тоа како тој пука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img