„Затоа што не сакаше да им помага на другите деца“ .
Ова бил одговорот на момчето убиец Коста К. кон мајката на една од жртвите на второто рочиште во Специјалниот суд во Белград. Таа го прашала Коста К. зошто го убил нејзиниот син кој, како што вели, го сметал Коста за свој најдобар пријател, открива новинарката Јелена Спасиќ за српки Курир.
– Не баш – возвратил Коста К.
Кога мајката на убиеното момче презентирала дека има докази дека нејзиното дете, кое е убиено, му помагало на Коста К., тој рече:
– Не се сеќавам.
Според новинарката Спасиќ од сведочењето можело да се добие впечаток дека Коста К. бил љубоморен на секое дете кое било подобро од него.
Таа вели дека кога операторот му го поставил прашањето „зошто го направи тоа“, Коста рекол:
– Затоа што сум психопат.
Спасиќ за српски Курир обзнани и дека на бирото на момчето биле пронајдени два пиштоли „ерсофт“ на гас, односно пелети, но тој објаснил дека нема муниција за тоа.
– Во неговиот ранец бил пронајден и направен молотов коктел којшто го донел на училиште и не е тајна дека сето тоа го испланирал. Но, придонесот на неговиот татко, кој го однел на стрелиште, секако бил голем. Своевремено, 13-годишниот убиец рекол дека татко му го повикал во стрелиштето за да се зближат, гледаме дека тоа не функционирало. Сведочеа наставници и училишни работници и рекоа дека не виделе ништо необично во него, дека бил добар ученик и дека бил љубезен.
Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжува судењето на родителите на Коста К. кој лани на 3 мај пукаше во основното училиште „Владислав Рибникар“ и уби девет ученици и еден чувар, додека пет ученици и професорка по историја беа ранети.
Момчето ќе продолжи да сведочи и да одговара на прашања на родителите на жртвите, но и на своите.
Коста К. имаше можност да не сведочи како специјален сведок на судењето против неговите родители, но тој се согласи да одговара на прашањата.