More

    Коста К. го подесил пиштолот така за да биде попрецизен во пукањето

    spot_img

    Разговор со чуварот на училиштето во Врачар во Белград бил пресуден напаѓачот Коста К. да го изврши масакрот, откриваат неименувани извори за српските медиуми. Според нив, Коста размислувал на телефон да ја побара мајка си и да ѝ признае сѐ, но тогаш се појавил чуварот кој на влезот од училиштето го прашал зошто доцни на час и му рекол дека треба да побрза.

    Коста К. тогаш помислил дека веќе била откриена неговата намера да го изврши масакрот и го убил чуварот, а потоа продолжил да убива стрелајќи со невероанта прецизност.

    – Тогаш го обземал стравот – вели соговорник за српските медиуми.

    Спомнувањето на неговата мајка било и првото нешто кое Коста го натерало да зборува по масакрот. Тој претходно не се интересирал за жртвите, ниту за фамилијата. Според еден извор, тој со полицајците разговарал „од висина“, „ со презир во гласот и бил нервозен, но „сосема свесен дека во тие години не може да заврши во затвор“.

    А потоа, додал изворот од истрагата, следувал вистински шок за инспекторите:

    – На сето тоа додал дека единствено му било жал што не можел да ја види мајка си како страда. И дека му е криво што не ја видел нејзината реакција кога дознала што сторил. Меѓу редови, тој го дал одговорот која била причината што се одлучил на нешто толку монструозно – да ја повреди сопствената мајка.

    Најновите информации даваат и можно објаснување зошто Коста К. бил толку прецизен пукајќи со двата пиштола кои ги носел во ранецот.

    – Пиштолот со кој е извршен масакрот имал некакви тегови или противтегови за да кога пука нема одвратен удар. Со вака опременото оружје полесно се нишани и погодува целта – вели добро информиран извор.

    Според неофицијални информации, станува збор за оружје од чешко производство, односно „збројевка“.

    Непосредно пред масакрот, момчето-убиец го фотографирало оружјето што го однело на училиште, а на грозоморната фотографија се гледаат два пиштоли, муниција за нив и четири молотови коктели.

    Коста ѝ рекол на полицијата дека молотовите коктели ги направил за да ги постави и запали на вратата од училиштето, а за да ги спречи полицајците да влезат пред да ги убие сите кои биле на неговиот список за отстрел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img