Косовскиот премиер Албин Курти попладнево пристигна во ненајавена посета на Тирана.
Во владината вила во Тирана тој има средба со албанскиот премиер Еди Рама, кој пристигна кусо пред него.
Официјално не е познато која е причината за оваа итна средба, јави допсиничката на МИА од Тирана.
Според медиумите, една од причините е обраќањето на Рама пред Советот на Европа деновиве, во врска со извештајот на Дик Марти против кого Албанија има доставено резолуција. Друга најверојатно се кибер нападите на владините институции на двете земји.