More

    Косовски министер осуден на затворска казна од 3 години и 8 месеци

    spot_img

    Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 3 години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатот „Арбен Џафери“, пишува „Коха Диторе“

    Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет.

    Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши функции во јавната администрација во следните 3 години и шест месеци.

    Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци.

    Во своите прелиминарни изјави, сите обвинети се изјаснија за невини, а нивните адвокати најавија дека ќе се жалат до Апелацискиот суд.

    Пред неколлку години Коха објави извештај на фирмата „Хил“, која имаше договор со Владата на Косово за надзор на изградбата на овој автопат. Според документот, паричната обврска во однос на „Бехтел-Енка“ била 14 милиони евра, но овој извештај министерот Лекај воопшто не го презентирал пред владата, а во негово отсуство извршната власт одобри исплата на дополнителни 53 милиони евра на фирмата што го изгради автопатот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img