More

    Косовската претседателка е оптимист по реакциите во Македонија по посетата на Курти

    spot_img

    Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Македонија на случувањата на собирите во Чаир и Тетово, за време на посетата на премиерот Албин Курти, минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат.

    Во изјава пред новинарите за време на посетата на општина Драгаш, Османи рече дека појавата на знаме на „Голема Албанија“ меѓу поддржувачите на Курти во Тетово е само потез на одреден граѓанин, а не нешто организирано.

    Таа ги повика македонските институции, доколку ги загрижува нешто, истото да го адресираат согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права и на правата на немнозинските заедници.

    Османи во изјавата вели: „Македонија е еден од најценетите соседи на Косово, една од државите кои ја признаа независноста на нашата држава во најкритичните моменти, држава која географски ни е најблиска…, затоа и комуникацијата меѓу нашите и граѓаните на Македонија секогаш била одлична и овие односи секојдневно се унапредуваат“, рече претседателката на Косово, додавајќи дека Албанците кои живеат во Македонија претставуваат поврзувачки мост меѓу двете држави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img