Косовската полиција синоќа запленила 90.000 јајца, откриени во камион со српски регистерски ознаки во кој биле двајца српски државјани.
Како што пишува порталот КоССев, заплената се случила вчера околу 20 часот и 40 минути, кога граничната полиција го запрела ова товарно возило на непознат пункт.
Во него имало две лица, како што прецизира полицијата, државјанин на Србија А.С., кој го управувал возилото и неговата сопатничка Ј.А.
Откако било утврдено дека од централна Србија дошле на Косово преку алтернативни патишта, полициски службеници извршиле претрес во камионот и пронашле 257 пакувања со 90.000 јајца за кои ги немале потребните документи.
Камионот со стока е испратен на царинскиот терминал во јужниот дел на Митровица.
Двајцата мажи биле ослободени по сослушувањето.