Косовската полиција објави нови снимки од наводните подготовки за настаните во Бањска

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Косовската полиција објави четири нови снимки, за кои тврди дека го прикажуваат моментот на експлозијата рано наутро во полициската станица Звечан кога загина косовски полицаец при настаните во Бањска, пренесува Н1.

За другите снимки, на кои се гледаат луѓе и оклопни возила, косовската полиција вели дека прикажуваат полигон на војската на Србија познат како Пасуљанске Ливаде, а дека меѓу нив има и снимка од тактичка вежба со симулација за поддршка на оклопното возило Хамви.

„Снимката од 26 август 2023 година, направена во Копаоник, Србија, ги прикажува одморалиштата и хотелот „Греј“ во сопственост на Милан Радоичиќ“, вели полицијата за првата снимка.

За втората снимка се вели:

„Снимката е од 2 септември, а е направена на Копаоник, во близина на просторот во сопственост на Милан Радоичиќ. Видеата покажуваат дека облеката се тестира на термални камери. Остатокот од видеото ги прикажува последните вежби на терористичката група на полигонот на српската војска познат како Пасуљанске ливаде“.

Tретата снимка, според косовската полиција е симулација напад и на ранување на членовите.

„Тука може да се видат моторни возила. На видеото се гледа како се симулира напад и се симулира ранување на членови на терористичка група, како и пружање прва помош“, пишува косовската полиција.

- Advertisement -
Ad image

За четвртото видео пишува дека е симулација на поддршка со оклопни возила:

„Ова видео од 20 септември покажува како групата наидува на отпор и симулира оклопна поддршка“.

- Advertisement -
Ad image

„Оригиналниот напад на терористичката група, според доставените информации, најпрвин бил извршен со експлозив при што загинал полицискиот наредник на полициската станица Звечан, а по овој експлозивен напад нападот со тешко оружје започнал во исто време во упатството на другите полициски службеници кои биле на лице место. На видеото се гледаат првите напади на терористичката група врз косовската полиција. Нападите, како што гледате, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко оружје“, се наведува на Фејсбук страницата на косовската полиција со описот на видеото.

На пресконференција во неделата директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа, изјави дека српските напаѓачи планирале напад за анексија на северот на Косово на 37 позиции во почетната фаза, а дека во целата акциај учествувале 90 специјалци кои претходно вежбале на локации во Јагодина и во Копаоник.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, рече дека поседува документ за планот за анексија на северот на Косово.

Share This Article