Дрон снимил како косовската полиција ги бркала маскираните напаѓачи во селото Бањска. Видеото го објави телевизиајта Клан Косова. Автентичноста на видеото не е потврдена.
Генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа изјави дека оние од осомничените кои не биле неутрализирани или уапсени во нападот, успеале да заминат пеш од областа „во и околу манастирот Бањска“.
Според Хоџа имало околу триесетмина напаѓачи. И Приштина и Белград потврдија дека Србите првично изградиле барикада која припадниците на косовската полиција се обиделе да ја срушат.
Потоа дошло до вооружен конфликт во кој загинал косовски полицаец, а според досегашните информации од страната на напаѓачите загинале четворица Срби. Српските медиуми објавија фотографии и иницијали за тројца од нив, додека четвртото тело беше пронајдено на 1,5 километар од местото на инцидентот.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељај Свеќља рече дека во едно од возилата, мерцедес со белградски таблички, биле пронајдени и документите на Милан Радоичиќ, заменик на Српската листа.