More

    Косово оди на редовни избори

    spot_img

    Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по средбата со лидерите на парламентарни политички партии во Косово изјави дека не видела политичка волја за вонредни избори, па затоа ќе се прават подготовки за редовни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

    По средбата во Собранието на Косово, Османи пред новинарите изјави дека останува да се изврши анализа за датумите за кои се разговарало на оваа средба и дека наскоро ќе излезе со датум што ќе го објави на јавноста.

    Според неа, на средбата немало забелешки, туку само различни преференци помеѓу датумите 26 јануари – 16 февруари 2025 година, додавајќи дека за редовните избори се зборува за четири датуми: 26 јануари, 2 февруари, 9 февруари или 16 февруари.

    Одговарајќи на новинарско прашање, Османи се осврна и на неприсуството на лидерот на владејачкото Движење самоопределување, премиерот Албин Курти.

    Таа истакна дека имало уште две отсуства, од партијата на косовските Срби, Српска листа, која не известила ништо и од Партијата на косовските Египќани, Нова демократска инцијатива, иако нејзиниот претседастел, министерот за заедници и враќање, Елберт Красниќи претходно го потврдил учеството.

    Што се однесува до вонредните избори, можноста за тоа законски сè уште постои, но за тоа се потребни 2/3 од гласовите во Собранието, додека според претседателката не се гледа расположението на политичките партии за такво нешто.

    – Во случај на распуштање на Собранието, терминот е многу краток. Во моментов се подготвуваме за редовни избори. Колку што видов, немаше расположение да се оди на вонредни избори. Сите ги знаеме датумите, од 26 јануари до 16 февруари. Планирањето е многу важно, затоа ќе се обидам како претседател што поскоро да го објавам датумот на изборите – рече Османи.

    На средбата учествуваа претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир Абдиџику, оној на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи и претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, Од владините коалициони партнери, присутни беа Мимоза Кусари-Лила од партијата Алтерантива и Фатон Пеци од листата „Осмели се“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img