На Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, синоќа во 21.10 часот полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В..Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска соопштија дека при пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал, и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.
Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.