На регионален пат Дојран-Валандово полицијата ноќеска полицијата уапсила косовски граѓанин И.Ш.(22), откако при преглед на неговото возило „цитроен” со косовски таблички биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, информираа денеска од МВР.
Истата ноќ на автопат Гевгелија-Скопје, на клучката за Миравци, полициски службеници го упасиле А.А.(25) од Република Турција, кај кого при преглед во возилото „рено клио” со српски национални ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан.
Од МВР информираат дека мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а лицата криумчари биле задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.