Косоварот кој ја уби бремената сопруга, решил да си пресуди

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека убиецот на бремената жена М. Х. (35), 31-годишниот Сокол Халили се самоубил денеска во присуство на полицијата, откако бил локализиран од органите на прогонот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Свечља, наспроти обидите на полцијата да преговара со него, Халили одбил да се предаде и извршил самоубиство.

„По интензивната работа на сите единици, Полицијата на Косово успеа да го локализира местото каде што се наоѓа убиецот Сокол Халили. Наспроти напорите на полициските службеници да преговараат за негово предавање, убиецот изврши самоубиство. Полицијата на Косово и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрага за расветлување на сите околности на убиството на бремената жена и самоубиството на сторителот“, напиша Свечља на неговата страница на Фејсбук.

Халили ја уби својата бремена сопруга, со која биле во процес на развод, завчера во дворот на Гинеколошката клиника во државната болница во Приштина, каде што таа била примена во очекување наредните денови да се породи, со оглед дека била во деветиот месец од бременоста.

Жената, по потекло од село во Витина, југоисточно Косово, била застрелана од сопругот со три куршуми од пиштол, при што не преживеало ниту бебето што го носела.

Убиството предизвика бројни реакции во Косово, а вчера беше одржан и протест пред Владата во Приштина, со барања да се преземаат поефикасни мерки за спречување на случаите на убиства на жените

Share This Article