Два од деловните субјекти на Трамп, The Trump Corporation и Trump Payroll Corporation, минатиот месец беа осудени за 17 кривични дела, вклучително и даночна измама и фалсификување деловни книги.Според њујоршкиот закон, максималната казна со која може да се соочат компаниите е околу 1,6 милиони долари, казна што Организацијата Трамп лесно може да си ја дозволи.
Организацијата Трамп, корпорација од речиси 500 деловни субјекти исклучиво во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, беше казнета со максимална парична казна од 1,6 милиони долари пред судот во Њујорк, што е најголема можна казна за даночна измама која траеше со децении.
Оваа пресуда е прва за кривично дело кое е лично поврзано со Доналд Трамп.