Пандемијата на коронавирусот зеде ужасен биланс со речиси седум милиони смртни случаи ширум светот. Но, благодарение на вакцините, стекнатиот имунитет и подобрите методи на лекување, вирусот сега е многу полесно да се толерира.
Со доаѓањето на постуденото време, стапките на заболување од коронавирус повторно се зголемуваат во делови од северната хемисфера, со неколку нови варијанти на сцената. Еве што треба да знаете.
Коронавирусот во однос на другите сезонски болести
Во САД, т.н вишокот на смртни случаи од пролетта повеќе не отстапува од просекот.
– Ако ме прашате да изберам помеѓу грипот и коронавирусот, јас би го избрал коронавирусот бидејќи во основа грипот е потежок – рече Ашиш Џа, поранешен координатор за коронавирусот во Белата куќа.
Но, иако коронавирусот сега е помалку смртоносен за поединци, „исто така се чини дека има повисоки стапки на долгорочни компликации“. Тој е исто така помалку заразен сезонски од грипот и во последните три американски зими го достигна врвот од декември до јануари, додека грипот го достигнува врвот подоцна. Амеш Адаља, специјалист за заразни болести во Центарот за здравствена безбедност Џон Хопкинс, го стави коронавирусот во ист кош со грипот и РСВ, но нагласи дека е посериозен од обичната настинка.
Дали треба да се ревакцинирате?
„Pfizer“, „Moderna“ и „Novavax“ развија нови вакцини кои попрецизно ги таргетираат сегашните варијанти, сите „потомци“ на омикронот кој стана доминантен кон крајот на 2021 година. Постои широк консензус дека годишната ревакцинација ќе им користи на најранливите. Сепак, се дебатира дали тоа носи додадена вредност за сите.
Истражувањата покажуваат дека речиси сите веќе се заразени. И претходните инфекции во комбинација со вакцини го научија имунолошкиот систем да запре сериозни исходи дури и кога не може да го одбрани телото од инфекција.
Една единствена препорака за целата популација повеќе нема смисла и би можела да ја намали довербата во јавното здравство, вели Моника Ганди, авторка на книгата „Endemic: A Post-Pandemic Playbook“.
На пример, „mRNA“ вакцините од „Pfizer“ и „Moderna“ носат мали ризици од срцев удар кај помладите мажи.
Европските земји советуваат годишна ревакцинација само за групи со поголем ризик, но некои експерти не гледаат никакви недостатоци во посеопфатните препораки.
– Луѓето со низок ризик сè уште имаат корист од ревакцинацијата – вели Зијад Ал-Али, епидемиолог од Универзитетот во Вашингтон.
Соединетите Американски Држави препорачуваат речиси сите да се вакцинираат против ковид-19 секоја година.
Дали маските сè уште се корисни?
Експертите се поделени на оваа тема, една од најконтроверзните во пандемијата. Прегледот на податоците од клиничките испитувања од почитуваната непрофитна организација „Cochrane“ за тоа дали носењето маски помага и може да ги забави респираторните вируси покажа неубедливи резултати. Затоа, не е докажано дека широката примена има значителен ефект.
Што е со тестирањето и одењето на работа?
Експертите се согласуваат дека има смисла луѓето со поголем ризик, постарите лица и оние со состојби како што се рак, дебелина и дијабетес да се тестираат кога имаат симптоми. Тоа е затоа што тие групи „би користеле од антивирусна терапија во рок од пет дена“, рече Адаља.
Што е со долгиот коронавирус?
– Истражувањето за долгорочниот коронавирус, односно неговите симптоми кои траат со недели или месеци, остави нејаснотии. Сè е комплицирано поради недостатокот на стандардизирани дефиниции за оваа состојба, која има повеќе причини – рече Адаља.
Ал-Али проценува дека преваленцата е помеѓу 4 и 7 проценти, или 65 милиони луѓе ширум светот.
– За жал, не постигнавме никаков напредок во лекувањето на долгорочниот ковид. Тоа треба да биде приоритет на истражувањето – рече тој.