More

    Конзумирањето премногу кафе во текот на летото може негативно да се одрази на организмот: Еве како

    spot_img

    Многумина не можат да замислат ден без една или неколку шолји кафе. Овој вкусен пијалок може да се пие на многу начини. Со доаѓањето на летото, некои топлата варијанта на кафе ја заменуваат со ладна и освежителна, но се поставува прашањето како претераното конзумирање кафе влијае на организмот во топлите летни месеци.

    Иако редовното консумирање кофеин, како една шолја дневно, не е премногу штетно, треба да размислите за внесување на кофеин во текот на летните месеци. Еве зошто.

    Зголемена дехидрација

    Прекумерното консумирање кофеин може да предизвика дехидрација, пренесува Health Shots. Кофеинот може да го измами телото да чувствува помалку жед, што може да доведе до дехидрација. Општо земено, луѓето кои забележуваат зголемување на дигестивните проблеми, како што се запек, надуеност, дијареа, синдром на нервозно дебело црево или губење на апетит, може да ги имаат овие проблеми поради прекумерното консумирање кофеин.

    Дехидрацијата, која може да ја предизвика и кофеинот, токму поради тоа што чувствуваме помала жед, може дополнително да ги влоши овие состојби. Затоа кога пиете кафе во текот на летните месеци, дефинитивно не заборавајте да испиете чаша вода или некој друг хидратантен напиток.

    Зголемување на отчукувањата на срцето

    Покрај тоа што предизвикува дехидрација, прекумерното консумирање кофеин може да го зголеми и пулсот и нивото на крвниот притисок. Поради веќе непријатната топлина, консумирањето кофеин може да предизвика дополнителен стрес на кардиоваскуларниот систем и да доведе до непријатност или други здравствени проблеми, пренесува Health Shots.

    Негативно влијание врз спиењето

    Летните месеци може да доведат до нарушен режим на спиење бидејќи зголемената телесна температура го отежнува процесот на заспивање. Ако конзумирате премногу кофеин покрај сето ова, тоа може дополнително да ги влоши вашите шеми на спиење бидејќи повеќето луѓе не можат да спијат после пиење кафе. Ако редовно пиете кафе кога надвор е топло, тоа може да влијае на вашето расположение и да ве направи раздразливи и уморни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img