More

    Конзервативната Влада на Австрија денеска соопшти дека на сириските бегалци им нуди по 1.000 евра, за да се вратат во татковината по падот на режимот на Башар ал Асад

    spot_img

    Конзервативната Влада на Австрија денеска соопшти дека на сириските бегалци им нуди по 1.000 евра, за да се вратат во татковината по падот на режимот на Башар ал Асад.

    – Австрија ќе ги поддржи Сиријците кои сакаат да се вратат во својата татковина со бонус за враќање од 1.000 евра. На земјата сега ѝ требаат нејзините граѓани да ја обноват – истакна канцеларот Карл Нехамер.

    Враќањето на Сиријците против нивна волја не е можно додека не стане јасно во која насока ќе се движи Сирија. Австриската Влада најави дека ќе се фокусира на доброволно враќање.

    Исто така, Австрија престана да ги обработува барањата за азил, како и десетинадруги  земји од ЕУ.

    Како и другите конзервативни влади во Европа, Нехамер е под притисок на десницата околу имиграцијата. Сиријците се најмногубројни баратели на азил во Австрија.

    Сè уште е непознато колку Сиријци ќе го прифатат „бонусот за враќање“.

    „Аустриан ерлајнс“ ги суспендира летовите кон Блискиот Исток поради безбедносната ситуација, а карта во еден правец до Дамаск со „Туркиш ерлајнс“ чини најмалку 1.066 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img