Контроверзниот Такер Карлсон го интервјуираше Лавров во Москва

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Не знаејќи за повеќето Американци, ние сме во агресивна војна со Русија. Необјавена војна за која не гласавте и која повеќето Американци не ја сакаат. Но, војната продолжува.“

Вака изјави познатиот американски ТВ водител Такер Карлсон во двоминутна снимка од Црвениот плоштад во Москва. Контроверзниот новинар се врати во Русија за да го направи второто интервју со висок челник во руската власт. Тој го најави интервјуто со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Ние сме поблиску до нуклеарна војна отколку во кое било време во историјата – додаде Карлсон.

Слика од Карлсон и Лавров седнати покрај камери беше објавена на Телеграм.

 

 

Новинарот, кој беше познат како ѕвезда на телевизијата Фокс Њуз, е загрижен за зеленото светло што американскиот претседател во заминување Џо Бајден ѝ го даде на Украина да употребува ракети со долг дострел на руска територија. Карлсон вели дека токму оваа одлука ги турка Москва и Вашингтон кон нуклеарна војна.

Оваа скорешна затегнатост меѓу Москва и Вашингтон е тема на интервјуто на Карлсон со Лавров.

Карлсон исто така тврди дека американската амбасада во Киев му забранила на украинскиот претседател Володимир Зеленски да дава интервју во неговата емисија. Тоа го поттикнало Карлсон да се врати во Москва за да ја добие руската перспектива на проблемот.

- Advertisement -
Ad image

Калрсон е и првиот западен новинар кој директно разговарал со рускиот претседател Владимир Путин откако Русија ја нападна Украина.

За време на интервјуто, Карлсон ги доведе во прашање тврдењата на Путин дека Русија има историски права на Украина, што го поттикна рускиот претседател да одржи проширено предавање за неговиот поглед на руската историја што остави многу гледачи збунети.

Интервјуто на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со американскиот новинар Такер Карлсон се покажа како опширно и многу интересно, а ќе биде објавено за неколку дена, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

- Advertisement -
Ad image

– Интервјуто е од големи размери, трае повеќе од час и половина – истакна Захарова во радио емисијата „Спутник“.

Share This Article