Контроверзниот Срѓан Ного најавува нови ексклузивни снимки од сослушувањето на таткото на Вања!?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот политичар Срѓан Ного денеска објави ново видео, во кое отвора нови дилеми и прашања за истрагата за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски и најавува нови објави во следниве денови.

Ного, кој важи за ектремен десничар и член на партијата „Двери“, јавно преку својот профил на платформата „Х“ (Твитер) постави прашања до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и до јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Зошто инспекторите на МВР уште на 29 ноември се распрашувале дали Љупчо Палевски – Палчо и Алексанад Ѓорчевски се познаваат и дали биле во контакт? Во тоа време, на 29 ноември, нити некој беше уапсен ниту беа пронајдени телата на Вања и Панче“ – прашува српскиот политичар.

Во своето видео тој сугерира дека не полицијата, туку таткото на Вања, кој неправедно бил сатанизиран од МВР, им открил на инспекторите дека Палевски е можниот киднапрер и убиец на Вања. Односно дека тој ги поврзал и ги решил прашањата од истрагата, за што наводно, постојат снимки од разговори меѓу него и инспекторите, кои Ного ги поседува и има намера да ги објави!?

Ного најавува дека ќе објави нови снимки на неговиот канал на Јутјуб в сабота во 12 часот, на кои можат да се видат екклузивни снимки на киднаперите пред и по киднапирањето, снимки на Панче Жежовски на бензинска пумпа, снимени разговори и друго.

Останува отворено прашањето како се случило снимки, кои би требало да се дел од истрагата на МВР, да завршат во рацете на овој српски политичар и што има МВР да каже или дали некако ќе постапи во врска со тоа?

Share This Article