More

    КОНТРОВЕРЗНИОТ СОВЕТНИК НЕФИ УСЕНИ ПОВТОРНО СЕ СТЕПА ВО ОПШТИНА ОХРИД: Тупаници за тезгите на охридскиот кеј

    spot_img

    Контроверзниот бизнисмен и советник од ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усени, по којзнае кој пат влегува во физичка пресметка со свои неистомисленици или деловни конкуренти.

    Според сведочења за Фактор од вработени во општината кои присуствувале на настанот, последниот инцидент на Нефи Усени се случил вчера во просториите на општината. Тој, како што посочуваат соговорниците на Фактор, со тупаници натепал 56 годишен свој сограѓанин, кој учествувал во наддавање за тезгите на кејот во Охрид.

    Нашите извори велат дека станува збор за бизнис кој традиционално го добива и го води Усеини, па токму и затоа бил револтиран што некој друг се осмелил да учествува во тоа наддавање. Потврда за овој инцидент може да се види и во билтенот на СВР Охрид.

    „На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов’ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во билтенот на СВР Охрид.

    Претходно, како што пишуваа медиумите во Македонија, Усеини и во 2019 во просториите на Општина Охрид физички нападна советник од Беса.

    Од СВР Охрид го потврдија и овој инцидентот и информира дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од Нефи Усеини.

    А. Б.

    ФОТО: МИА

    Извор:faktor.mk

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img