Контроверзниот десничар Хавиер Милеи избран за нов претседател на Аргентина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Екстремно десничарскиот политички аутсајдер Хавиер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина. Ривал на Милеи во вториот круг од изборите му беше министерот за економија Серџо Маса.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му честиташе на Милеи со порака – „Направи ја Аргентина повторно силна!“ (Make Argentina Great Again!), што е парафраза на предизборниот слоган на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема!“.

Изборите се одржаа во тежок економски момент за Аргентина, земја во која инфлацијата галопира и многумина едвај врзуваат крај со крај.

Милеи во текот на кампањата изнесе низа радикални предлози, меѓудругото вети и дека ќе ја крене во воздух Централната банка. Според крајните резултати, се чини дека радикалните гледишта на Милеи допреа до многу гласачи кои сакаат промени.

Иако предизборните анкети предвидуваа тесен втор круг од изборите, Милеи ги изненади сите, постигнувајќи предност од повеќе од 10%. Според резултатите, Милеи добил близу 56% од гласовите, а Маса само 44%.

– Денес започнува реконструкцијата на Аргентина. Денеска започнува крајот на пропаѓањето на Аргентина. На моделот на декаденција му дојде крајот. Нема враќање назад. Аргентина ќе се врати на позицијата во светот која никогаш не требаше да ја загуби. Ќе работиме рамо до рамо со сите нации од слободниот свет за да помогнеме во изградбата на подобар свет – рече Милеи во својот победнички говор пред приврзаниците во Буенос Аирес.

Неговиот противкандидат Серџо Маса рече дека му се јавил на победникот за да му ја честита победата.

– Очигледно, резултатите не беа онакви какви што очекувавме. Од утре целата одговорност за оваа земја е на новиот претседател – истакна Маса.

Никој не знае што всушност може да се очекува од контраверзниот Милеи, кого го поврзуваат и го споредуваат со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и со поранешниот бразилски лидер Жаир Болсонаро.

- Advertisement -
Ad image

Политичките аналитичари посочуваат дека Хавиер Мајли е „непроверен„.Но,се покажа дека тоа е всушност еден од неговите адути.

Share This Article