Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, смета дека неговиот клуб треба да има за цел да ја освои Премиер лигата, а не само ФА или Лига купот.
„Зошто не Премиер лигата и Лигата на шампионите? Мојата цел и целите на клубот се да напредуваме. Ова е процес што го започнавме пред седум месеци. Освојувањето на место во Лигата на шампионите не значи дека сте ја постигнале целта. Искуството ми кажува дека одиме во вистинска насока. Истовремено, знам дека на клубот му треба следниот чекор за да може да се натпреварува со најдобрите тимови во Европа. Оттука, не смееме да бидеме препотентни и арогантни. Мораме да работиме, да работиме и да работиме на подобрување на теренот и надвор од него за да станеме врвен клуб“, изјави на почетокот Конте.
Италијанскиот стручњак важи за темпераментна личност, а сега објасни зошто не успеал да остане никаде подолго.
„Секогаш ми се допаѓа искреноста. Ако ми кажеш една работа, треба да ја почитуваш. Не сакам луѓе кои ми кажуваат една работа, а потоа ја менуваат во текот на една или две сезона. Ако се согласувате со мене, немате среќа со мене. Мразам лажење и лажговци“, заклучи Конте.