Конечно се случи и веста која ја чекаа сите кои ја следат кариерата и приватниот живот на Селена Гомез – нејзината свршувачка и среќна врска. Иако го урна интернетот со фотографии од прстенот со кој ја запроси нејзиното момче Бени Блако, разни честитки можеа да се најдат и на профилите на други познати личности.
Се разбира, оние кои ја следат странската јавна сцена, светот, знаат дека љубовната врска од младите денови на Селена Гомез и Џастин Бибер била и останува најпопуларна врска, особено затоа што тие беа меѓу првите во раните 2000-ти кои направија најголемите кариери и ги имаат најголемите групи обожаватели – Билибиер и Селенаторс, како што самите се нарекуваа. Токму поради претходната популарност на врската и раскинувањето, благодарение на тинејџерската публика, и денес се прават приказни за нивната љубов, раскинување и надеж за помирување – иако и двајцата изградиле животи. Џастин е во брак со манекенката Хејли Бибер, со која го има синот Џек, додека Селена се посвети на кариерата, хуманитарната работа и ширењето на свеста за болеста лупус, од која и самата боледува.
Токму поради врската со Бени Бланко, а сега и веста дека таа се свршила, фановите чекаа да видат дали ќе има „реакција“ од Џастин Бибер на веста дека неговата најпозната поранешна девојка се свршила. Според следбениците, имало реакција со „скриена порака“.
Во понеделникот – само неколку дена откако Селена ја објави веста, Џастин објави интимно селфи со својата сопруга Хејли. Сепак, не беше фотографијата што ги заинтригира фановите – тоа беше изборот на песна што тој ја вклучи во објавата. Бибер (30) ја покривал песната „All My Ghosts“ на Лизи МекАлпин, емотивна песна за слатките спомени со поранешната девојка кои пејачот не може да ги преболи. Одредени делови од текстот особено ги отворија сомнежите кај фановите.
„Го гледам тоа сега, свадбата на годината / гледам сега, тој стои горе и ги брише солзите. Можам тоа да го видам сега, кога сите мои духови ќе исчезнат / можам да го видам кристално јасно“, пишува во тексто. Други делови од стиховите го вклучуваат и рефренот: „Ох, сите мои духови се со мене / знам дека и ти ги чувствуваш“. Обожавателите ги користеа стиховите за да ја поттикнат теоријата дека Бибер на мистериозен начин се обидел да допре до Селена Гомез (31).