More

    Конечно разумен план за пружање дигитални услуги

    spot_img

    Инфраструктурата на националната Пошта ќе се користи за да се пружат административни услуги за граѓаните на 333 локации во земјата. Сегашната „Една точка за услуги“ што функционира само на пет локации (Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Тетово) ќе се прошири низ целата земја, со користење на просторните и кадровските капацитети на Поштата. За шест месеци се планира во подружниците на Пошта да има налепница со информација за граѓаните дека им се на располагање услуги од администрацијата.

    -„Една точка за услуги“ реално опслужува малку процеси. Направивме анализа. Заедно со АД Пошта на 333 места на ниво на државава ќе ги отвориме овие точки во кои нема да креираме нова инфраструктура, туку инфраструктурата на Пошта, и човечка и физичка. Пошта има канцеларии во секој дел на државата, имаат вработени и добра интернет конекција, но немаат добро обучен кадар за да ги нудат сите услуги од „Една точка за услуги“ и шалтер на кој ќе пишува ЕТУ. Со мала инвестиција со еден чекор ќе се доближиме до секој граѓанин за да може да има пристап до сите услуги – изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во понеделникот.

    Сега се трошат многу ресурси за постојните пет точки, плаќање за кирија, струја, вработени. Тие ќе се затворат и сите такви места ќе функционираат во рамки на Пошта. Сегашниот закон пропишува пристап до „Една точка за услуги“ (ЕТУ) да имаат само вработените во МИОА, па тој ќе се дополни дека таков пристап ќе имаат и вработени во АД Пошта. Овој проект ќе ѝ помогне финансиски на Пошта, која кубури со пари.

    – Во однос на дигитализацијата, се работи интензивно за да може секој ден да се стави на користење по една нова дигитална услуга. Моментално се работи на 150 услуги. Сегашните 96 дигитални услуги се користат малку, а администрацијата не е обучена доволно за дигитализацијата – посочи министерот.

    Коментирајќи ги проблемите со кои се соочуваат граѓаните за користење и на сегашните дигитални можности, како што се честите падови на системите, Алиу потсети дека со програмата „Дигитална ера“ што ја најави неодамна МИОА ќе се формира агенција за дигитализација којашто ќе ги решава  проблеми, со посебен фокус на кибер безбедноста со што ќе биде чадор за заштита на сите институции. За да може да ги примени политиките за дигитализацијата со неа нема да раководи МИОА, туку Кабинетот на премиерот за да се исклучи ризикот од одбивање на политиките што ќе се бара да се применат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img