Конечната цена на електричната енергија сè уште не е дефинирана, но според информациите од Регулаторната комисија за енергетика, очекувањата се дека ќе се забележи само минимално поместување

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Конечната цена на електричната енергија сè уште не е дефинирана, но според информациите од Регулаторната комисија за енергетика, очекувањата се дека ќе се забележи само минимално поместување.

– Не очекувам дека просечната цена за домаќинствата ќе се зголеми за повеќе од 1 процент – изјави на денешната прес-конференција Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Ова произлегува од пресметките на Регулаторната комисија за енерегетика, која информира дека цената на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а за пренос на МЕПСО се зголемува за 5,67 проценти. Цената на МЕМО се зголемува за 19,8 проценти.

– Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7%. Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68% пришто влијанието на крајната цена е 4%, цента за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52%, влијанието на крајната цена изнесува 33% и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8% кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19%. Значи делот од мрежарината којшто го плаќаат домаќинствата и 90% од малите потрошувачи уште еднаш потенцирам се намалува за 7%. Понатака, по носењето на овие одлуки во текот на следните денови ЕВН Хоме како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи – изјави Бислимоски.

Тој истакна дека цената за пренос на електрична енергија е намалена, додека пак ЕСМ ќе продава струја на ЕВН Хоум по повисоки цени.

– Кога станува збор за најважниот дел за домаќинствата и малите потрошувачи, а тоа е мрежарината, која вклучува преносот и дистрибуцијата, цената ќе биде намалена за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарината благодарение на тоа што одредени компании оствариле поголеми профити од она што беше предвидено. Познато е и колку ЕСМ ќе продава струја на ЕВН Хоум – додаде Бислимоски.

Тој објасни дека во следните денови ЕВН Хоум, како универзалниот снабдувач, ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и малите потрошувачи до Регулаторната комисија за енергетика.

Share This Article