Српскиот епидемиолог Предраг Кон, спротивно на некои оптимистички изјави од неговите колеги, смета дека пандемијата нема набргу да заврши и дека единствениот начин да се бориме со неа е вакцинирањето.
Тој е свесен дека актуелните мерки на заштита кои се на сила во Србија и во земјите од регионот, а тука е вклучена и употребата на ковид-сертификати, во многу мала мерка го спречуваат ширењето на сојот омикрон.
– Ние сè уште ги употребуваме ковид-сертификатите, но треба да знаете дека за омикронот нивната употреба не е многу битна. Единствената заштита која ја имаме е вакцината и затоа не можеме да се споредиме со земјите кои ги укинуваат мерките. Тоа е нашата перспектива, тоа постојано ќе го плаќаме, бидејќи луѓето не сфаќаат дека ова ќе трае уште долго време и единствениот излез е во вакцинацијата. Но сега кога бројките се високи тоа не е битно, бидејќи и да се вакцинираат луѓето нема да стигнат да развијат имунитет пред да се заразат – вели Кон.