More

    Компримираниот природен гас ќе има цена од 96 денари за килограм

    spot_img

    „Макпетрол“  соопшти дека ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас), како и на природниот гас. Споредено со јануари, малопродажната цена на метанот е пониска за 12.74%, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 денари за килограм. За 204 евра за 1.000 нормални метри кубни, пак, се намалува цената за природниот гас.

    Како што соопшти компанијата, намалувањето на цената е резултат на февруарскиот договор со руски „Газпром“.

    – Имајќи ја предвид нашата долгогодишна професионална соработка со „Гаспром“, како и поради фактот што „Макпетрол“ е единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, така и на овој план постигнавме одлична спогодба, што ни обезбеди цена за 30 проценти пониска од берзанската. И покрај глобалната енергетска криза, за нашите деловни партнери во февруари тоа ќе се рефлектира со подобрена понуда и во малопродажбата на метанот и во големопродажбата на природниот гас – истакнуваат од компанијата.

    Од компанијата велат дека  и покрај кризата се  врши стабилна и навремена испорака и на ЦНГ-метанот и на природниот гас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img