Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук бележат проблеми, а веб-страницата „DownDetector“ покажува дека некои други услуги како Месинџер, Ватсап и други не работат.
Речиси 100.000 корисници на веб-страницата „DownDetector“ пријавиле проблеми со Фејсбук, додека повеќе од 60.000 од нив имаат проблеми со Инстаграм.
Повеќето извештаи доаѓаат од Соединетите Американски Држави, но извештаите за проблеми доаѓаат од целиот свет.
Проблемот беше забележан и од редакцијата на Плусинфо, откако не можевме да споделуваме постови на нашите групи на Фејсбук и Инстаграм.
Како и секогаш во вакви ситуации, корисниците на другите мрежи ја користат можноста да ја изразат својата фрустрација поради прекинот на социјалните мрежи, па многумина се активни на Икс.
Компанија Мета под која се споменатите социјални мрежи, пак, објави пост на платформата Икс.
„Свесни сме дека техничкиот проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, посочуваат од компанијата Мета.