Компанијата „Дизни“ од својот стриминг сервис во Хонг Конг отстрани една епизода од анимираната серија „Симпсонови“ во која, меѓудругото, се спомнуваат работни логори во Кина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Компанијата „Дизни“ од својот стриминг сервис во Хонг Конг отстрани една епизода од анимираната серија „Симпсонови во која, меѓудругото, се спомнуваат работни логори во Кина.

Според Би-Би-Си, отсуството на епизодата „Гневаната Лиза“ („One Angry Lisa“) е забележано оваа недела и сè уште не е јасно кога е отстранета. „Дизни“ не сакаше да одговори на прашањата на Би-Би-Си во врска со ова.

Во епизодата, чија премиера беше во минатиот октомври, беа прикажани фотографии од Кинескиот ѕид за време на час на кој присуствува Марџ Симпсон. За време на часот, предавачот вели: „Погледнете ги чудата на Кина – рудници за биткоин и работни кампови каде децата прават паметни телефони“.

„Симпсонови се прикажуваше во Кина неколку пати од 2000 година, а моментно најновата сезона може да се најде на стриминг платформите, но без оваа епизода.

Цензурата во Хонг Конг се врати со усвојувањето на сетот контроверзни закони, поради кои имаше протести во провинцијата која премина под контрола на Кина.

Share This Article