Комората на северозападна Македонија со старо-нови барања до Владата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32%, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Комората денеска повторно го актуелизираше и прашањето за поврат на ДДВ кон компаниите. Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура, и претходната и сегашната Влада доцнат со враќањето на данокот.

-За администрацијата, нашите предлози се од претходно, уште пред да дојде оваа Влада. Мислиме дека администрацијата е преоптоварена и сакаме дел од неа да се преквалификува во приватниот сектор. За минималната плата, исто така, зборуваме веќе една година и бараме да биде 31.500 денари. Бараме и придонесите да се намалат зашто мислиме дека се превисоки и тоа е товар што ја пенализира платата. Кај нас е прогресивно, што повеќе плата даваш, даваш и повеќе придонеси. На илјада евра се плаќа 52%, не се плаќа 47%. За минималната плата се плаќа 47,5, а за повисока плата, од илјада евра на пример, 52%. Во Словенија каде што има повисока плата, 42% оди надолу, од 42 на 41,… На таков начин да се стимулира. За ДДВ образложението беше вакуумот меѓу промените, па и претходната влада пред да оди на избори заостана со враќањето, а и сегашната кога дојде, исто така доцни. И така, одвреме – навреме на некоја компанија и се плаќа, па се враќа па се сменува бројот – истакна Ќура.

Тој не прецизираше како би се стимулирало евентуалното преминување на дел од администрацијата кај бизнисот, дали преку некој вид отпремнина или повисоки плати.

-Од двете страни треба, и од Владата да се делат средства и од компаниите за да се стимулираат тие работници да се префрлат од администрација во приватен сектор – нагласи претседателот на СКСЗМ.

Share This Article