Стопанската комора смета дека е крајно време да почне преструктуирањето на земјоделско прехранбениот сектор за да може тој да се справи со конкуренцијата од европскиот пазар кон кој цели, да ги примени европските правила, но и да се стимулираат младите земјоделци да останат во земјата. За таа цел, велат од комората, мора да се искористат фондовите, да се вложи во науката, технологија, иновации, но и да се зајакне административниот капацитет за да моѓе да ги повлеече парите кои се на располагање.
Ова, како што беше речено, на денешната прес-конференција во Комората произлегува од она што го покажал скринингот на секторот.
Комората смета дека ако владата го реализира она што го бара комората и науката ќе им помогне на домашните компании полесно да ги совладаат предизвиците со кои се соочува секторот, намалување на ефектите од климатските промени, на увозот, изедначување на условите на домашните со европските компании, усогласување на правилници, закони, царинските давачки, особено за суровините.
Од комората велат дека скринингот покажал дека во одделни сегменти е потребно да се усогласи законодавството, а во други да се применат европските правила.
Васко Ристовски од Комората посочи неколку делови во кои земјава треба да ги исполни стандардите и да го усогласи законодавството со ЕУ.
– Во делот производи од животинско потекло, потребно е да се тргне забраната за движење поради болести кај месната индустрија, што требаше да се направи пред многу години, што е бариера за прехранбената индустрија, поголеми средстава за национални референтни лаборатории, донации и средства за опрема, обука на кадар, за да не користат како сега лаборатории во Европа и земји од соседството – рече тој.
Но , како што рече тој, во делот на од прехранбени производи од неживотинско потекло државата е усогласена, ама се потребни средства за лаборатории, за испитување на препарати за извоз и увоз на производи, за кафилерија законот за нуспроизводи неодамна е донесен, важна е да се распише тендер, да се избере фирма изведувач.
На прехранбената индустрија, која извезува или произведува за европски брендови, треба да ѝ се отстранат бариерите кон европскиот пазар.
Повикувајќи се на извештаите на ФАО, Ристовски кажа дека е важно да се трансформира земјоделството за подобро производство, квалитет, животна средина и подобар живот. За таа цел е важно да се искористат претпристапните фондови, воведување нови технологии, , алатки, платформи да се зајакне националниот капацитет за да задоволат потребите за храна на сите.
Во однос на климатските промени, тој рече дека треба да се преориентира земјодлеството кон нови производи.
Од комората крекоа и дека државата треба да вложи во концептот „паметни села“ за да остане работна сила во рурални средни. Предизвик за земјоделството е расцепканоста на површините, што го оневозможува извозот и конкурентноста, за што е потребна соодветна земјишна политика. Според комората ако не се уреди овој дел земјиштето ќе биде купено од странци.