Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви (FOMC) на САД денеска и утре одлучува што ќе се случува со каматните стапки годинава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви (FOMC) на САД денеска и утре одлучува што ќе се случува со каматните стапки годинава. Се верува дека до март нема да има никакво поместување на каматите и покрај барањето на новиот американски претседател Доналд Трамп тие да се намалат.

Според економските аналитичари во САД, лидерите на централна банка нема да реагираат на барањето на претседателот бидејќи се претпазливи во однос на неговите политики и затоа ќе ги остават каматите на сегашното ниво се до март годинава кога повторно ќе се разгледуваат економските резултати.

-Трамп најавува намалување на даноците, воведување високи царини за увоз и депортација на илегални имигранти, што веќе доведе до недостиг на работна сила на некои места. Сето ова може да ја забрза инфлацијата и во тој случај централната банка ќе мора да одговори со зголемување на каматните стапки – велат тие.
Претседателот на ФЕД Џером Пауел, кој утре по завршувањето на седницата ќе ги претстави одлуките за понатамошната монетарна политика во САД, по последниот состанок на ФОМЦ во декември минатата година рече дека ќе остане претпазлив и ќе го следи развојот на инфлацијата и ситуацијата на пазарот на трудот. Ако двете области останат цврсти, ќе се разгледаат дополнителни намалувања на основната каматна стапка.

FOMC минатата година три пати ја намали основната каматна стапка и таа сега е на ниво меѓу 4,25 и 4,50 отсто.

Трамп бара дополнителни намалувања, тврдејќи дека повисоките царини ја намалуваат инфлацијата на долг рок преку зајакнување на доларот и дека повисоките буџетски приливи ќе го намалат фискалниот дефицит.

Централната банка преку својата монетарна политика обезбедува стабилност на цените, максимална вработеност и одржлив економски раст на балансиран начин. Пазарот на труд во САД е солиден, со економски раст, а годишната инфлација падна под 3% од рекордното високо ниво од 9,1% изминатите две години. ФЕД цели кон инфлација од од 2%. Затоа, првото намалување на основната каматна стапка оваа година би можело да се случи во март годинава.

Share This Article