More

    Комисијата на ОН утврди дека во Украина биле извршени воени злосторства

    spot_img

    Независната меѓународна истражна комисија на Обединетите нации (ОН) најде „разумни основи“ да заклучи дека во Украина се извршени воени злосторства и кршење на човековите права од почетокот на војната на 24 февруари.

    Заменик-секретарот на Обединетите нации за политички прашања, Розмари Ди Карло, изјави пред Советот за безбедност дека извештајот на Независната меѓународна истражна комисија е доставен до Генералното собрание оваа недела и дека руските трупи се одговорни за огромното мнозинство на откриени прекршувања.

    Извештајот покажа дека украинските сили, исто така, го прекршиле меѓународното хуманитарно право во некои случаи.

    Комисијата документираше случаи на вонсудски убиства, незаконски притвор, тортура, малтретирање, силување и друго насилство извршено на териториите на Украина окупирани од руските сили.

    Истакнувајќи дека повеќе од 6.000 цивили, вклучително и 397 деца, биле убиени, а вкупно 9.634 се ранети, Ди Карло рече дека реалната бројка на загинати во војната во Украина е веројатно многу поголема од потврдената.

    Таа изрази особена загриженост за уништувањето на клучните енергетски капацитети во последните руски напади во Украина и додаде дека тоа изложува на екстремни тешкотии милиони луѓе кои се соочени со поскапувањето на енергијата пред доаѓањето на зимата.

    Според податоците на Владата на Украина, од 10 октомври во нападите се погодени околу 30 отсто од енергетските капацитети во регионите Киев, Днепро, Лавов, Харков и Суми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img