Колумбиската пејачка Шакира доживеала непријатност за време на снимањето на спотот со бразилката Анита, поради што решила да ја напушти сцената.
Некој од публиката сакал да ги злоупотреби заводливите движења на пејачката, па постојано се обидувал да ја фотографира и да ја сними под кусиот фустан.
Пејачката првин се обидела да ја одврати личноста со тоа што ѝ дала до знаење дека видела што прави.
Меѓутоа, откако личноста не застанала, пејачката нагласила дека тоа и пречи и одлучила да се симне од сцената, за што сведочат видеата од социјалните мрежи.
Корисниците на социјалните мрежи се гневни на личноста која ја снимила пејачката под нејзиниот фустан.
„Шакира не може да ужива во сопствената песна и танц“, „Кој го направил ова нека биде уапсен за сексуално вознемирување“, „Чувствувам вознемиреност откако го гледам ова , можам да замислам како се чувствува“, се дел од коментарите.
Shakira leaves the stage after people were filming under her dress whilst she was dancing to her new single. People are GROSS. pic.twitter.com/AxlBw6yFZL
— FEIM (@FeimM_) September 15, 2024