Од утринава колони возила чекаат ред пред граничниот премин ,,Богородица” за влез во Грција.
Од АМСМ велат дека на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути.
Но според видео-камерите кои се поставени на граничниот премин, најверојатно чекањето е многу подолго од тоа што го објавија од АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.