Едно германско истражување покажува дека кафето има корисен ефект врз одредени структури на мозокот, а истражувачите одредуваат која количина е оптимална.
Кафето долго време се смета за корисен пијалок за луѓето. Го подига нашето расположение, го намалува воспалението и ризикот од дијабетес.
Сега покажува дека ја подобрува и функцијата на мозокот. Новата студија во Германија, во која утврдиле како различните количества на кафе влијаат на структурата на мозокот, сугерира дека одреден број кафиња дневно може да има корисен ефект врз мозокот, пишува N1 Zagreb.
Во истражувањето биле проучувани мозоците на повеќе од 2.000 луѓе на возраст меѓу 45 и 74 години. Тие го споредиле мозокот на четири групи луѓе кои рекле дека пијат кафе редовно – помалку од 1 чаша дневно, 1 до 2 шолји дневно, 3 до 4 шолји дневно, 5 до 6 шолји кафе на ден. Истражувањето се фокусирало на структурата на различни делови од мозокот, таканаречената бела и сива материја (церебрален кортекс).
Научниците откриле дека оние кои редовно пијат 3 до 4 шолји кафе дневно имаат подобра структура на мозокот од оние кои не пијат кафе или пијат повеќе од тоа. Дебелината на церебралниот кортекс, која обично се поврзува и со повисока интелигенција, се зголемила пропорционално со количината на консумирано кафе и достигнала најголема вредност кај оние кои редовно консумирале 3 до 4 шолји кафе дневно. Оваа количина, според истражувачите, е горната граница на која кафето има благотворно влијание врз структурата на мозокот.
Сепак, истражувачите признаваат дека дизајнот на истражувањето не бил оптимален. Беше спроведено на релативно мала и хомогена група. Тие, исто така, го истакнаа фактот дека учесниците кои пиеле повеќе кафе во просек биле поздрави, како и пообразовани, а овие два фактори не можат да се исклучат како ирелевантни за наодите од истражувањето.
И покрај се, резултатите се меѓу оние кои ги потврдуваат претпоставките дека кафето добро влијае на функцијата на мозокот и на здравјето воопшто. Истражувачите исто така истакнаа дека ќе бидат потребни повеќе истражувања во оваа насока, како и оние кои ќе утврдат дали и кафето без кофеин има сличен ефект.