Драматични последици од невремето во регионот по екстремно високите температури го отвори прашањето дали се работи за изолиран инцидент или пак тоа е дел од опасните глобални промени.
Има се повеќе докази дека глобалното затоплување предизвикано од човекот ги прави бурите посилни и поуништувачки. За ова за ХТВ зборуваше Бранко Грисогоно, климатолог, геофизичар и професор на Природно-математичкиот факултет во Загреб.
– Тоа е необична бура која припаѓа на феномени со мезоскала. Тие се многу тешки за прогноза. Тоа беше мезоскален конективен систем кој во одредени моменти покажуваше карактеристиките на т.н суперклеточен кумулонимбус. Се работи за најсилните олујни облаци по ротација. Тоа се случи вчера, појаснува хрватскиот климатолог и геофизичар, Бранко Грисогоно.
Тој додаде дека синоптичарите го испратиле најдоброто предупредување врз основа на податоците што ги имале.
– Во атмосферата имаше огромна енергија, т.н. поврзана достапна потенцијална енергија. На височината дуваше доволно ветер и ова се прекурсори за појава на такво време. Не може со сигурност да се каже каде и кога ќе се појави, вели Грисогоно.
Тој потврди дека вакви случаи се случуваат по екстремно високи температури.
– На големата спарина се акумулира нестабилност и енергија, како во лонец што врие со поклопец. Со доволен извор на влага – колку се повисоки температурите, толку се посилни бурите, сликовито појасни хрватскиот климатолог.
Тој нагласи и дека може да се очекуваат сè повеќе вакви бури.
Реонот на јужна Австрија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Србија, во изминатите два дена беа зафатени одсилни бури. Во Хрватска две лица го загубија животот под налетот на силниот дожд и ветар кој корнеше дрва и кровови.