More

    Колку месечно заштедуваат Германците?

    spot_img

    Цените во Германија се високи и сè уште растат, но во првата половина од годинава граѓаните заштедиле приближно колку и минатата година – над меѓународниот просек, објави b92.net.

    Стапката на штедење е 11,3%, што значи дека еден просечен Германец успева да заштеди 11,3 евра за секои 100 евра нето-приход или 260 евра месечно.
    Стапката на заштеда беше околу 6% повисока за време на ковид-пандемијата, во првата половина на 2020 и 2021 година. Тогаш многу луѓе имаа повеќе пари бидејќи не патуваа, а рестораните и спортските центри не работеа.

    Во споредба со другите индустриски развиени земји, во 2022 година Германците успеаја да заштедат над просекот. За споредба, во Италија стапката на штедење е 2,1%, во САД 3,7%, во Јапонија 5,4%, а во Австрија, 8,8%, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

    Од друга страна, Швајцарците штедат повеќе од Германците со стапка од 18,4%, а Холанѓаните со 12,7%.

    Piggybank and calculator. Isolated on white background

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img