Дали знаете колку чини пивото во Европската унија? Numbeo ги има податоците. Тоа е најголемата светска база на податоци за корисници на градови и земји ширум светот.
На веб-страницата на Numbe можете да најдете актуелни податоци за условите за живот во светот, односно сè, од трошоците за живот до здравствената заштита или стапката на криминал, пренесува punkufer.
Numbeo обезбедува и просечни цени на храната – од сумата што треба да ја платите за леб во продавница до вечера во ресторан. А колку пари треба да се одвојат за домашно точено пиво во кафуле?
Најевтино ќе го добиете во Романија, каде половина литар точено пиво во просек чини 1,62 евра. Тоа е за 77 центи помалку отколку во Хрватска, каде Numbeo пишува дека продава половина литар за 2,39 евра.
Словенците за исто толку пиво плаќаат 2,80 евра, а најскапото пиво се пие во северна Европа, поточно во Финска. Половина литар точено домашно пиво во Финска чини дури 7 евра.
Колку просечно ќе платите за половина литар домашно точено пиво во Европската унија, дознајте во продолжение.
ЦЕНА ЗА ½ L DRAFT ПИВО ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ СПОРЕД NUMBEU:
Финска 7 евра
Данска 6,71 евра
Шведска 6,17 евра
Франција 6 евра
Ирска 5,50 евра
Италија 5 евра
Холандија 5 евра
Луксембург 5 евра
Естонија 4,5 евра
Германија 4 евра
Австрија 4 евра
Белгија 4 евра
Грција 4 евра
Литванија 4 евра
Кипар 3 евра
Малта 3 евра
Латвија 3 евра
Словенија 2,80 евра
Полска 2,62 евра
Шпанија 2,50 евра
Хрватска 2,39 евра
Португалија 2 евра
Чешка 1,92 евра
Словачка 1,80 евра
Бугарија 1,79 евра
Унгарија 1,69 евра
Романија 1,62 евра