More

    Која е поентата да умреме, кога и така ќе го напуштиме Соледар за ден или два“?

    spot_img

    Украински војник, кој се бори на источната страна на Соледар, за Си-Ен-Ен изјави дека ситуацијата во градот е критична, како и дека бројот на мртви е толку голем, што никој и не ги брои.

    – Ситуацијата е критична, тешка. Се одржуваме колку што можеме до крај – изјави војникот.

    Си-Ен-Ен објави дека станува збор за војник од 46-тата воздушно-мобилна бригада која го брани Соледар од руските сили и платениците на Вагнер, а американскиот медиум реши да не го идентификува од безбедносни причини.

    Војникот вели дека од вторникот вечер не е јасно колкав дел од градот е под руска контрола.

    – Никој не може со сигурност да каже колку има мртви и ранети, бидејќи никој со сигурност не го знае тоа. Ниту една личност. Не во штабот, не било каде. Позициите постојано се заземаат и повторно се заземаат. Она што денеска е наше упориште, наредниот ден станува на Вагнер групата. Постои голема сива зона во градот за која сите тврдат дека ја контролираат, но тоа е само празна реклама – потенцира војникот.

     

    Во меѓувреме е објавена видео снимка на Твитер за која се тврди дека претставува доказ дека руски сили се наоѓаат во центарот на Соледар. Од друга страна, пак, се појавија снимки и со украински војници кои наведуваат дека локални борби се водат одвреме-навреме и оти артилеријата е активна од двете страни, но дека ситуација сè е под контрола.

    Војникот, исто така, рече оти верува дека украинските воени лидери на крај ќе се откажат од борба за Соледар и се прашува зошто тоа досега не е направено.

    – Сите знаат дека градот ќе биде напуштен. Сите го разбираат тоа. Само сакам да ја разберам поентата. Зошто да се умре, ако го напуштиме денеска или утре? – прашува тој.

    Руската платеничка група Вагнер сооошти дека ја зазела контролата врз Соледар, град со рудници за сол во близина на Бахмут каде, исто така, се водат жестоки борби додека Русија се обидува да го заземе цел Донбас во источна Украина.

    – Единиците на Вагнер ја презедоа контролата над целата територија на Соледар – рече Пригожин. Додаде дека борби се водат во центарот на градот, поради што е неизвесно за обемот на контрола на руската војска во Соледар.

    Агенцијата Франс-прес наведе дека изјавите на водачот на групата Вагнер е невозможно да ги потврди од други извори, додека украинската војска ги демантира таквите наводи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img