Кој преживеа, дали рускиот специјалец или полскиот платеник „Суровиот“?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Снајперските дуели станаа алатка што ја користат двете страни во конфликтот за да го подигнат моралот на нивните единици кои се борат во војната во Украина.

Како што јавија прокремљските медиуми, руски снајперист од полкот „Ахмад“ убил „полски платеник“ кој од Русите го добиле прекарот „Суровиот“. Медиумите се повикуваат на непотврдени информации од војник во единицата кој тврди дека имало снајперски дуел во кој загинал Полјакот.

Приказната за дуелот, меѓу другото, ја пренесе весникот Правда, а прва ја објави Раша тудеј, кој наводно го информирал командантот на извидничката единица на полкот „Ахмад“.

Оваа вест ја пренесоа и полските медиуми како polsatnews.

Станува збор за 141-виот специјален моторизиран полк именуван по прорускиот чеченски водач убиен во 2004 година, Ахмад Кадиров. Војниците во оваа единица, позната како „Кадировци“, припаѓаат на руската Росгард, руската служба за внатрешна безбедност лојална на Владимир Путин.

„Руски снајперист од полкот на специјалните сили елиминираше платеник од Полска, со прекар „Суровиот“ во зоната за специјални операции“, се наведува во написот на Правда.

Руските медиуми објавија непотврдени информации од руската армија дека Полјакот намерно ги таргетирал руските војници на начин да им предизвика што е можно поголема болка и страдање. Според руските извештаи, тој целел кон вратот и пазувите.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Снајперистот кој наводно го елиминирал Полјакот рекол дека неговиот противник користел „кукавички тактики“, што значи дека се криел во дрвјата. Според војникот со кодно име „Хад“, Полјакот се открил со звукот на кршење на гранките, по што Чеченецот го застрелал.

Снајперската активност е особено значајна од перспектива на пешадијата на првата линија. Снајперските престрелки се случуваат редовно, а исходот од овие престрелки влијае на моралот на војниците.

Share This Article