Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар напиток за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата.Истражување од шкотскиот универзитет Св. Ендрјус дошол до заклучок дека обичната и минералната вода се добар избор, но според новите информации млекото сепак е подобро.
Според Роналд Моган, авторот на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалок, како и нутритивниот состав на пијалокот.
Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот.
Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.
Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација што се користат за лекување на дијареа. Тие содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во задржување на водата во телото.